Станува збор за два спорски терени, едниот ракометното игралиште или игралиштето за мал фудбал, а другиот терен за кошарка.
По отстранувањето на стариот асфалтен слој, бетон и земјишниот слој, следува поставување на тампон, потоа асфалтирање и поставување на тартан подлога на површина од 900 м2.
Терените ќе бидат опремени со реквизити, оградени со транспарентна ограда висока 3 метри и во рамките на ова, ќе има нови патеки со бехатон плочки и елементи кои ќе направат училница на отворено.
Средствата се обезбедени преку Министерството за образование и наука од вториот владин повик, а целата инвестиција изнесува 11.318.523 денари.
ОДБЕЛЕЖАНИ 127 ГОДИНИ ОД ДИПЛОМИРАЊЕТО НА МУСТАФА КЕМАЛ АТАТУРК ВО БИТОЛА
ЗА ПРВ ПАТ „ТАНЦ ФЕСТ“ ВО БИТОЛА
Извор: Општина Битола