Денеска увид во подготовката на Младинскиот центар направи градоначалникот Иван Гоцевски кој изрази задоволство од експедитивноста на службите за опремување и уредување на Центарот.
-Ме радува фактот што докажуваме дека од зборови преминуваме на дела. Конкретно, за Младинскиот центар за краток период го решивме просторното прашање и еве, сведоци сме дека при крај е опремувањето на Центарот кој ќе ја поттикнува младинската енергија, идеите и креативноста на младите во Делчево и ќе создава одговорни млади и активни во носењето одлуки. Овој простор е создаден за младите и најавувам отворена поддршка за младите, за нивните идеи и иницијативи, нагласи Гоцевски.
Младинскиот центар ќе биде простор кој се создава за младите да се поврзуваат и да ги претвораат своите идеи во реални промени. Центарот ќе работи како отворен инклузивен простор и ќе биде достапен за сите млади со цел да се поттикне нивната активност, вмрежување и учество во општествениот живот. Воедно, овде младите ќе можат да добиваат информации и поддршка, да учествуваат во едукативни, културни и креативни активности, работилници, обуки, младински иницијативи, како и да ги развиваат своите идеи и вештини.
Инаку, согласно со одредбите од Законот за младинско учество и по објавениот Јавен повик,Организација ЖЕНА Делчево е избрана да раководи со Младинскиот центар Делчево, а обврската на Општина Делчевое даобезбеди средства од Буџетот наОпштината за функционирањето на Младинскиот центар.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
