Велес: ГРАДИНКИТЕ И УЧИЛИШТАТА СО КРЕАТИВНИ ИДЕИ ЗА ОСМОМАРТОВСКИ ПОДАРОК

објавено во Општински вести | 0
Сé е подготвено за осмомартовскиот базар во Велес. Тезгите се поставени долж тротоарот кај Панини, а од утре ќе бидат полни со уникатните рачни изработки на нашите ракотворци. Подароци за вашите мајки, баби, тетки можете да најдете токму на базарот и да ги израдувате на Меѓународниот ден на жената, 8 Март.

Базарот ќе го отворат децата од градинките и учениците утре, среда, во 11:00 часот со своите рачни изработки. Од четврток до недела на базарот ќе учествуваат велешките ракотворци чиј број од година во година се зголемува.Општина Велес ги поканува граѓаните на осмомартовско дружење и на симболичен начин да им го честитаме Меѓународниот ден на сите жени.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес