Потоа, следуваше осврт на саморегулацијата кај наставниците, додека пак, учесниците на оваа работилница беа запознаении со практичните техники за смирување во определени ситуации. Во текот на работилницата се разговараше за детектирањето на ризичните состојби кај децата, при што се потенцираше улогата на наставникот како прв препознавач во емоционалните и психосоматските индикатори кај учениците и адолесцентите. Дополнително беше нагласена и важноста од постојана соработка со стручни лица и инстуционалното постапување, како и советодавната улога на здравствениот систем која ќе се применува во моделите на образованието во Карпош.
Психо-едукативните работилници за основните училишта ширум локалната самоуправа, ќе продолжат и во наредниот период. Со ваквиот пристап, Општина Карпош овозможува континуирана поддршка за наставниците и стручните соработници која е особено значајна за јакнење на психолошката стабилност и градење училишна средина исполнета со доверба, грижа и разбирање.
[/vc_column_text][vc_video link=”https://youtu.be/RFbakSQfQ2Q?si=L99r2VvmWzt0jYLl”][vc_separator color=”blue” border_width=”3″][vc_images_carousel images=”60583,60584,60585,60586,60587,60588,60589″ img_size=”full” slides_per_view=”4″ hide_pagination_control=”yes”][/vc_column][/vc_row]Извор: Општина Карпош
