Виница: Новогодишен концерт „Песна за мојот град“ во Домот на култура „Тошо Арсов“ Виница

објавено во Општински вести | 0
Преубав настан во организација на Здружението на пензионери од Виница со учество на пензионери од повеќе македонски градови, како и гостите од Лесковац, Република Србија.Настанот го водеше претседателката на здружението, Павлина Ангеловска, а пред присутните со краток поздравен говор се обрати и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски.Во Сината сала од Домот на култура, покрај виничките пензионери настапија и пензионерите од Штип, Куманово, Лесковац и пензионерски здруженија од други градови. Свој настап имаше и Фолклорниот ансамбл „Китка“ од село Истибања, Виница.Пишува: Goran Brazda


Извор: Општина Виница