Центар (Новости): Партнерство со пензионерите за подобар квалитет на живот

објавено во Општински вести | 0
Со нашите пензионери разговарав за сите активности и проекти наменети за повозрасните граѓани, кои ги реализираме и ги планираме во текот на оваа година.

Нивното искуството и активното учество се клучни во креирање политики што одговараат на нивните вистински потреби.

За 2026 година, локалната самоуправа издвои 15 милиони денари за активности и проекти наменети за пензионерите, при што дел од нив ќе се реализираат во тесна соработка со Здружението на пензионери на Општина Центар.


Извор: Општина Центар