Примарната цел на локалниот совет за превенција е подигнување на нивото на безбедност за децата и најмладите, но и на сите жители на општината, преку директно дејствување на терен и рано препознавање на евентуалните ризици. Преку ова тело се остварува неопходната меѓуинституционална соработка, каде полицијата, образовните установи и релевантните министерства работат координирано. Со овој пристап се овозможува заедничко дејствување на сите чинители за одржување на јавниот ред и сигурноста на локално ниво.
-Постоењето и активното функционирање на ваков Локален совет за превенција е од суштинско значење за нашата општина, бидејќи овозможува сите релевантни институции да делуваат како еден механизам. На овој начин, преку постојана координација помеѓу полицијата, образовните установи и министерствата, создаваме систем на рано предупредување и заштита. Нашата примарна задача е да спречиме каква било закана по безбедноста на децата и граѓаните уште пред таа да се појави. Само преку ваква широка меѓуинституционална соработка и редовна комуникација, можеме да изградиме средина во која секој жител на Кисела Вода ќе се чувствува навистина сигурно- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Извор: Општина Кисела вода