Целта на локалната самоуправа е одбележувањето на крајот на овој образовен циклус за вкупно 560 ученици да биде осмислено исклучиво преку нивната призма. На средбата се разговараше за конкретни предлози и концепти иницирани од самите полуматуранти за тоа како замислуваат една модерна и автентична заедничка прослава.
-Општина Кисела Вода ги третира младите како сериозни соговорници чие мислење мора да се вреднува. Денеска сакав да ги слушнам директно нив, нивните очекувања, идеите и креативноста што ја носат. Овие млади луѓе покажаа извонредна зрелост во предлозите за тоа како да ја одбележат својата полуматура. Нашата задача како институција е да им дадеме простор да одлучуваат за прашањата што ги засегаат и да овозможиме нивните визии да станат реалност-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Извор: Општина Кисела вода