Струмица (Вести): Изложба на олдтајмери го разубави градскиот плоштад во Струмица

објавено во Општински вести | 0
Денес градоначалникот на ОпштинаСтрумица,Петар Јанков, присуствуваше на изложбата на олдтајмери организирана од Струмица Ретро Клуб, со поддршка од Општина Струмица и повеќе компании.

На градскиот плоштад беа изложени околу 100 ретро возила стари повеќе од 50 години, кои привлекоа голем број граѓани и љубители на автомобилизмот.

Настанот понуди вистинско патување низ автомобилската историја и уште еднаш покажа декаСтрумицае град кој ги поддржува традицијата, културата и настаните што ги обединуваат сите генерации.


Извор: Општина Струмица