Василево: Се чисти дивата депонија покрај локалниот пат Василево-Пиперево

објавено во Општински вести | 0
Општина Василево продолжува со комунално-еколошки активности. Се чисти дивата депонија покрај локалниот пат Василево -Пиперево, која претставува реална закана за загадување и на земјоделските површини  кои се покрај овој пат.Споделувајќи фотографии од активноста, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, упатува порака до граѓаните за одговорен однос и грижа за околината, која е наша, заедничка. ,,Почитувани граѓани, силно апелирам да бидеме поодговорни и совесни. Животната средина е нашиот дом и наша заедничка обврска. Загадувањето директно влијае врз здравјето на сите нас, без исклучок – и на оние кои загадуваат. Нема да има толеранција кон несовесното однесување“, стои во апелот на градоначалникот Андонов, упатен преку неговиот ФБ профил,https://www.facebook.com/vasilevo24,  кон граѓаните кои со својот неодговорен однос кон животната средина, директно го загрозуваат здравјето на целата заедница.Деновиве општина Василево ваква активност реализираше и во населеното место Пиперево во близина на големото фудбалско игралиште.

недела, 15 март 2026, 10:06

вторник, 24 февруари 2026, 11:08

понеделник, 23 февруари 2026, 12:34

четврток, 19 февруари 2026, 11:02

среда, 18 февруари 2026, 09:19

Сите права се задржени © 2014 – 2024https://opstinavasilevo.gov.mk

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот.

Општина Василевос.Василево б.б. 2411тел: +389 34 354-444факс: +389 34 353-007e-пошта:[email protected]


Извор: Општина Василево