Македонска Каменица (Настани): Во ноќта меѓу 30 јуни и 1 јули ќе се спроведе второто терестрично прскање против комарци во Општина Македонска Каменица

објавено во Општински вести | 0
Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека во ноќта меѓу 30 јуни и 1 јули 2026 година ќе се реализира второто терестрично прскање против комарци на територијата на општината.Акцијата ќе се спроведува во вечерните и ноќните часови, доколку временските услови се поволни. Во случај на неповолни временски услови, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши во првиот нареден соодветен термин.Се известуваат сопствениците на пчелни семејства навремено да преземат соодветни мерки за нивна заштита за време на третманот.Општина Македонска Каменица апелира до граѓаните за разбирање и соработка, со цел успешно спроведување на мерката за намалување на бројноста на комарците и заштита на јавното здравје.


Извор: Општина Македонска каменица