Почитувани сограѓани,Ве покануваме сите православни христијани, на ден 19.01.2026 година (понеделник) заедно и во духот на православната христијанска вера и традиција да го прославиме големиот христијански празник Богојавление-Водици и да присуствуваме на положувањето на Светиот Крст.На 19.01.2026 година (понеделник) по повод празникот Богојавление-Водици, ќе се изврши Богојавленски Водосвет и ќе се положи Светиот Крст во осветените води, од Црковните настолетија и свештенството при доле наведените храмови:1. Св.Архангел Михаил–Виница-Утрена со света литургија од 07:00 часот-Лицитација на светите икони од 09:30 часот-Богојавленски Водосвет со полагање на Светиот Крст во осветените води на Градечка река (Бановски мост) од 11:30 часот,2. Св.Пр.Илија с.Блатец во 09:30 часот,3. Св.Јоаким Осоговски с.Јакимово во 10:00 часот,4. Св.Богородица с.Драгобраште во 09:00 часот,5. Св.Троица с.Трсино во 11:00 часот,6. Св.Петка с.Истибања во 09:30 часот,7. Св.Јован Крстител с.Лески во 11:00 часот,8. Св.Пр.Илија с.Градец во 12:00 часот,9. Рож.на Пр.Богородица с.Пекљани во 11:00 часот,10. Св.Вознесение Христово с.Липец во 12:00 часот.Општина Виница има обезбедено пригодни награди за сите христијани кои ќе го извадат Светиот Крст од осветените води.
Извор: Општина Виница