Прилеп (Огласна табла): Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на ч

објавено во Општински вести | 0
Врз основа на  член 36, став 1, точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.202/24), член 26 и 26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/2025), како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024), а по предлог на Градоначалникот,

Советот на Општина Прилеп објавува:

за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското

работење на ЈП за ПУП Прилеп

Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на 3(три) члена на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП за ПУП Прилеп, со седиште на ул.,,Прилепски бранители” бб Прилеп.

Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024).

Шифра на дејност на претпријатието 49.310  Линиски патен транспорт на патници

Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.

Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Прилепwww.prilep.gov.mkи на страната на ЈП за ПУП Прилепhttps://jpzapup.com/

За член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП за ПУП Прилеп на јавното претпријатие може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:

Членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП за ПУП Прилеп, треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:

– еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство,

– еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и

– еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи

Времетраењето на мандатот на членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП за ПУП Прилеп изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.

Согласно член 27 од Законот за јавните претпријатија, Надзорниот Одбор, ги извршува следните работни задачи, одговорности, права и обврски и тоа:

Претседателот и членовите на надзорниот одбор на јавното претпријатие за секоја седница на надзорен одбор на која присуствувале имаат право на надоместок во висина до една третина од просечната нето плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.

Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на Надзорниот одбор на ЈП за ПУП Прилеп се:

Постапката за селекција на членовите на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП за ПУП Прилеп се состои од две фази и тоа:

-Фаза 1 – административна селекција (фаза во која се врши проверка на внесените податоци во пријавата со условите од јавниот повик кои треба да се идентични со условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и се врши нивно бодување) и

–  Фаза 2 – интервју (фаза во која преку ситуациони и стручни прашања и практични задачи се проверуваат општите и посебните работни компетенции на кандидатот и се врши нивно бодување, а се поставуваат и општи прашања со кои се проверува интересот и мотивацијата на кандидатот за работата, прашања за неговото претходно работно искуство, очекувањата на кандидатот и сл.).

Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Прилеп:www.prilep.gov.mk.

Јавниот повик се објавува на ден 09.01.2026 година и трае 5 (пет) дена односно до 14.01.2026 година.

Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е во прилог кон повикот) да ја достават до:

-во архивата на Општина Прилеп, ул„Прилепски бранители” бр.1, Прилеп (со назнака: За Јавен повик за именување на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП за ПУП Прилеп)

Незадоволните кандидати од изборот за членoви во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.

Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

на Совет на Општина Прилеп

ПРЕЗЕМИ НО во ЈП за ПУП

ПРЕЗЕМИ obrazec-za-prijavuvanje


Извор: Општина Прилеп