Охрид (Градоначалник): БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ

објавено во Општински вести | 0
По повод големиот христијански празник раѓањето Христово- Божиќ, градоначалникот  Кирил Пецаков  упати честитка до граѓаните од православна вероисповед.

‎– Со искрени желби за мир, здравје и благосостојба Ви го честитам најголемиот христијански празник-раѓањето Христово-Божиќ.

‎Денеска ја славиме надежта, љубовта и  човечката блискост. Овој ден не повикува да се свртиме еден кон друг со разбирање и човечност. Божиќ е време кога духовната светлина ја надминува секоја поделба и не охрабрува да гледаме кон иднината со надеж и одговорност.

‎Нека радоста од Христовото раѓање ги исполни вашите домови со топлина, а срцата со вера и спокој. Нека Божиќ биде поттик за заедништво, за добри дела и за  подобро утре за сите нас и за нашиот Охрид.

‎Христос се роди! Навистина се роди!

‎Нека е за многу години!,стои во честитката на градоначалникот Пецаков.


Извор: Општина Охрид