Во знак на сеќавање на Милосиев, првиот потег на турнирот го повлече неговата ќерка Марија Георгиева.
Наградите на најдобрите им ги додели градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, кој истакна дека локалната самоуправа ќе продолжи да го поддржува шахот, со цел традицијата и љубовта кон оваа игра, што ја негувал нашиот сограѓанин Тодор Милосиев, да се шири и понатаму.
Првото место на турнирот го освои Гоце Георгиев, второто му припадна на Емануел Ангеловски, а третото и четвртото место го поделија Влатко Јовановски и Меџит Куртовиќ. Во успешните учесници се најдоа и Гоце Николов, Влатко Стојмировски и Љупчо Панов.
Поради големиот интерес за учество на турнирот, организаторот најави дека следната година тој ќе се организира надвор од клупските простории, за да може да се натпреваруваат сите заинтересирани.
Извор: Општина Кочани