Согласно известувањето од МЗШВ и ЈП „Национални Шуми“, се воведувацелосна забрана за движење во шумаво периодот од1 јули до 31 август 2026 година, поради зголемениот ризик од шумски пожари.
За движење во шума во наведениот период, ЈП „Национални Шуми“ – Подружница „Плачковица“ Радовиш ќе издаваписмени одобренијасекој работен ден (понеделник – петок) од07:00 до 15:00 часот.
Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната и да придонесат за заштита на шумите и природата.
Извор: Општина Радовиш
