Кочани (Вести): Заврши првата фаза од третирањето на комарци во Кочанско

објавено во Општински вести | 0
Со првата фаза од дезинсекцијата против комарци што ја реализираше стручна екипа на  Центарот за јавно здравје – Скопје се опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

Третирањето се изведе со водорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.


Извор: Општина Кочани