ЈАВЕН ПОВИКбр.01-2026
за избор на изработувач на Урбанистички проекти и Стручни Ревизии
1.Предмет на јавниот повик е: Изработка наУрбанистички проекти и Стручни Ревизии за потребите на Општина Чашка
Општина Чашка објавува јавен повик за изработување на:
1.1 Урбанистички проекти за потребите на Општина Чашка
Во цената на Урбанистичкиот проект е не вклучен Основниот проект, Ревизија на Основен проект, Елаборат за заштита на животна средина, Основен Сообраќаен проект, Ревизија на Основен Сообраќаен проект, изработката на истите се обврска на Општина Чашка.
Започнување на извршување на услугите/работите: Веднаш по склучување на договорот за изработка на урбанистичките проекти и издавање на налог од Одделение за урбанизам. Општина Чашка доставува Ажурирана геодетска подлога, Услови за планирање на просторот.
Урбанистичките проекти да се изработат согласно чл.58 ст.2 и ст.6 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на Р.С.М” бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24 и 40/25), и Правилникот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ’’ бр.225/20, 219/21, 104/22, 99/23) секој соодветно.
1.2 Изработка на Стручни Ревизии за потребите на Општина Чашка
На урбанистичките проекти потребно е да биде извршена стручна ревизија од правно лице со лиценца за изработка на урбанистички планови согласно член 62, став 5 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на Р.С.М” бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24 и 40/25),
2.Период за изработка на урбанистичките проекти:
2.1Период за изработка на урбанистичките проекти
– 10 дена за изработка на предлог проектни програми за барање услови на планирање на просторот
-30 дена за изработка на проектна програма од доставување на потребните документи (Елаборат и Решение од Просторен план, Извод од соседен план (доколку има), Ажурирана геодетска подлога и Имотен лист)
Веднаш по добивање на ахурираната геодетска подлога да се достават барања за податоци и информации согласно член 47 од Законот
-30 дена за изработка на Урбанистичкиот проект по усвоена проектна програма и добиени податоци и информации од институции, установи и правни лица со јавни овластувања од член 47 од Законот и добиен Идеен проект
-10 дена за корекција на УП доколку е потребно по сите фази и корекции во текот на изработката
2.2.Период за изработка на Стручна ревизија
-10 дена за изработка на Стручна ревизија од доставување на Урбанистичките проекти.
Стручната Ревизија на Урбанистичките проекти потребно е да биде извршена од правно лице со лиценца за изработка на урбанистички планови согласно член 62, став 5 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на Р.С.М” бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24 и 40/25).
3.Потребна документација за докажување и исполнување на критериуми:
На јавниот повик можат да се пријават правни лица со важечка лиценца за изработување на урбанистички планови и стручна ревизија на урбанистички планови, согласно Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на Р.С.М” бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24 и 40/25),
За докажување на овој услов се доставува Копија од важечка лиценца за изработување на урбанистички планови или стручна ревизија на урбанистички планови, согласно Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на Р.С.М” бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24 и 40/25).
Документација за докажување и исполнување на критериуми:
3.1 Како услов за утврдување способност за вршење професионална дејност, правното лице да достави доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка односно треба да достави Документ за регистрирана дејност –образец ДРД или Потврда за регистрирана дејност.
3.2 При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на понудувачот се бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на јавниот повик односно правното лице да има важечка лиценца за изработување на урбанистички планови или стручна ревизија на урбанистички планови, согласно членот 68 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на Р.С.М” бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24 и 40/25),
4. Рок и начин за доставување на понудите:
Понудите да се достават најдоцна до 29.07.2026 година (Среда) до 12,00 часотпреку архивата на Општина Чашка, во плик со назнака „НЕ ОТВАРАЈ“ и „за ЈАВЕН ПОВИК бр.01/206
5.Датум, време и место на отворање на понудите:
29.07.2026 година (Среда) во 12.00 часот,во просториите на Општина Чашка (Административна зграда на Општина Чашка).
6. Критериуми за доделување на договор на јавниот повик;
6.1. Кадровска и техничка опременост на правното лице
-Правното лице понудувач потребно е да има вработено најмалку 1 (еден) дипломиран инженер архитект- урбанист на неопределено време со овластување на изработка на урбанистички планови или стручна ревизија (листа на вработени од надлежен орган не постара од 1 месец од денот на отварање и важечки овластувања)
Правното лице како понудувач треба да достави листа на вработени од надлежен орган (АВРСМ) не постара од 1 месец од денот на отварање на јавниот повик со важечки овластувања.
Кадровската и техничка опременост на правното лице не се бодира, само претставува услов за исполнување на критериумите за доделување на договорот на јавниот повик.
6.2 Референтна листа за извршени услуги
-Правното лице понудувач потребно е да достави Референтна листа за извршени услуги за ист или сличен предмет на услуги согласно овој Јавен Повик од последните 5 години (2021,2022, 2023, 2024 и 2025, вклучително и 2026).
Референтната листа за извршени услуги не се бодираат, само претставува услов за исполнување на критериумите за доделување на договорот на јавниот повик
6.3 Претходни позитивни стручни референци
Правното лице понудувач потребно е да достави минимум 3 (три) Потврди за квалитетно и навремено извршени исти или слични услуги со датуми на извршување на услугата во последните 5 години (2021,2022, 2023, 2024 и 2025, вклучително и 2026) издадени од страна на корисници на услугите и потпишани од овластени потписници;
Претходните позитивни стручни референци не се бодираат, само претставуваат услов за исполнување на критериумите за доделување на договорот на јавниот повик
6.4 Критериум за избор на најповолна понудаво постапката за избор на изработувач на Урбанистички проекти и Стручна Ревизија ке биде – економски најповолна понуда (со сооднос 60 бодови -цена, 40 бодови- квалитет) согласно предвидените и останати критериуми од чл.45 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на Р.С.М” бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24 и 40/25),
6.4.1 За критериумот цена се предвидени 60 бодови за понудувачот со најниска цена на понудата, а останатите понуди по однос на цената ке се бодираат на следниот начин:
Број на бодови = најниска цена х 60/понудена цена
6.4.2 За критериумот квалитет се предвидени 40 бодови кои се распоредени на следниот начин во Елементот –Стручен персонал кој ке учествува во изработката.
За Стручниот персонал како елемнт кој ке учествува во изработката се предвидени 40 бодови кои ке бидат распоредени на следниот начин:
За секое вработено или ангажирано лице – Планер или Ревидент предвидени се по 5 бодови , но не повеке од 40 бодови.
За докажување на стручниот персонал , потребно е понудувачот да достави Листа од АВРСМ не постара од 30 дена од де план и Оваластувања за Планер или Ревидент согласноп Законот за урбанистичко планирање.
Лицето предвидено во точка 6.1 Кадровска и техничка опременост на правното лице, нема да биде предмет на бодирање за квалитет.
*Доколку на две или повеќе понуди им биде доделен ист број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата во Општина Чашка.
Согласно законските одредби кои ја обработуваат оваа област, изработувачот на Урбанистичките проекти не може да биде изработувач и на Ревизија на Урбанистичките проекти. Во случај да биде еден ист најповолен понудувач за изработка наУрбанистички проекти и Стручна Ревизија, во тој случај најповолен понудувач ке биде избран прворангираниот изработувач на урбанистички проекти, а второангираниот изработувач на Стручна Ревизија.
6.5 Вредноста на понудатапотребно е да биде во согласност со Тарифникот за вредност на работите од урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.140/2021).
Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на понудувачот, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
Начин на плаќање: Вирмански, по доставена фактура за извршена услуга во рок од 60 дена. (50% по одобрување на Проектната програма и 50% по одобрување на урбанистичкиот план, а за дел 1.2, по доставување на Извештајот од Стручната Ревизија
Понудите кои не се предадени во определениот рок, како и оние кои не ги содржат сите потребни елементи согласно условите на повикот, нема да бидат разгледани.
Понудите ќе бидат оценувани комисиски по основ на следните критериуми:
– Цена на изработка на услугите (60 бода);
– Елементот –Квалитет ,Стручен персонал кој ке учествува во изработката – 40 бодови
При склучувањето на договорот ќе биде предвидена договорна казна во висина од 0,05% од вредноста на услугата за секој ден задоцнување со исполнување на услугата.
Дополнителни информации за овој Јавен повик може да се добијат секој работен ден во Општина Чашка, Одделение за урбанизам, заштита на животната средина и енергетска ефикасност, телефон 043248-400 или емаилopstina@caska.gov.mk.
Комисија за избор на изработувач на
Урбанистички проекти и Стручна Ревизија
Целиот оглас со “Прилог 1 – Образец на понуда” можете да го превземетеОВДЕ
© Општина Чашка – 2020. Сите права се задржаниМапа на странaта|Политика за приватност |Архиваpowered by Ekarta
Извор: Општина Чашка
