Градоначалникот на Општина Македонска Каменица донесе одлука за распишување избор на Претседател и членови на Советите на месните заедници.
Во рамки на тековниот процес, на 03.04.2026 година ќе се спроведе избор во следните месни заедници:
–МЗ Саса 1– 16:30 часот, зградата на училиштето во с. Саса 1–МЗ Саса 2– 17:30 часот, зградата на месната заедница во с. Саса 2
Изборот во месните заедници се спроведува согласно утврден распоред, а во наредниот период ќе бидат опфатени и преостанатите месни заедници на територијата на Општина Македонска Каменица.
Ги повикуваме граѓаните да земат активно учество и да дадат свој придонес во изборот на локалните претставници.
Извор: Општина Македонска каменица
