Посетата имаше за цел да ги награди и мотивира учениците за нивната креативност, труд и ангажман, како и да им овозможи запознавање со културно-историските знаменитости на Охрид. Во текот на посетата учениците имаа можност да ги разгледаат старото градско јадро, кејот на Охридското Езеро и дел од најзначајните културни и туристички локалитети.
Општина Кривогаштани и организаторите на манифестацијата „Прочкарска смеа за секого” продолжуваат да ги поддржуваат младите таленти и нивниот развој преку вакви едукативни и наградни активности.
Извор: Општина Кривогаштани
