за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови
во управен одбор на ЈПКР “Услуга” Берово
Јавниот повик се објавува за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во управен одбор на ЈПКР “Услуга” Берово.
ЈПКР “Услуга” Берово е правно лице чиј основач е Општина Берово со приоритетна дејност 36.00 – собирање, обработка и снабдување со вода.
Основна надлежност на јавното претпријатие е: собирање, пречистување и дистрибуција на вода за пиење и прехранбена вода, изнесување, депонирање на отпадоци иодржување на чистотата во градот, изградба на хидро-градежни објекти (изградба, реконструкција и поправка на надворешен водовод, канализација и др.), поставување и поправка на градежни инсталации, внатрешни водоводи, канализации, пречистување и одводнување на отпадни води, уредување на улици и сообраќајници, уредување, одржувањена јавни зелени површини (паркови и дрвореди, зелени површини на станбени згради и др.),одржување на јавно осветлување и други комунални дејност (пазарни услуги, одржување на гробишта, оџачарски услуги и сл.).
Право на пријава на јавниот повик
Сите заинтересирани лица кои сакаат да пројават интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор при ЈПКР “Услуга” Берово, согласно закон,потребно е да ги исполнуваат следните услови:
Освен условите наведени погоре, членовите на управниот орган треба да имаатнајмалку пет години работно искуствои тоа:
Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнетатаПријава на образец за пријавување на јавен повикда ја достават до архивата на Општина Берово (ул. “Димитар Влахов” бр.10 во Берово), најдоцна до11.02.2026 година (среда).
Образецот за пријавување на јавен повик за именување на членови на Управен одбор за јавното претпријатие е во прилог на јавниот повик.
Времетраењето на мандатот на именуваните членови на Управен одбор е за период од 4 (четири) години, со право на уште еден последователен мандат.
Постапката за селекција на кандидатите за членови на управен одбор ќе ја спроведе Комисијата за селекција формирана од Советот на Општина Берово.
Комисијата за селекција на избор на членови во управниот одбор ќе изврши постапка за селекција во две фази:
Точниот датум,време и место на одржување на интервју ќе се објави на веб страната на општина Берово.
Комисијата подготвува и до Советот на Општина Берово доставува ранг-листа, од најмногу 10 најдобро рангирани кандидати за членови на управниот одбор најдоцна 10 дена од денот на завршувањето на интервјуто.
Советот на Општина Берово најдоцна 15 дена од денот на приемот на предлогот, донесува одлука за именување на членови во управниот одбор на јавното претпријатие од редот на најдобро рангираните кандидати.
Советот и ЈПКР “Услуга” Берово се должни во рок од 15 дена од денот на донесувањето на одлуката на својата веб-страницата да ги објават кратките биографии на сите членови на управниот одбор.
Начинот на бодирање за секоја од фазите на селекција поединечно ќе се врши согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите (“Службен Весник на Република Северна Македонија” бр.213/2024)
Незадоволните кандидати од постапката за селекција за членови во Управниот одбор имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.
Бр.09-497/2 СОВЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО
06.02.2026 година Претседател
Берово Владко Шахпаски
Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.
Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)
Телефон / Факс:+389 33/471-057
Е-пошта[email protected]
Извор: Општина Берово