Делчево (Соопштенија): ЈАВЕН ПОВИК За свикување на собир на граѓани за избор на членови на Совет на урбана заедница на Трети…

објавено во Општински вести | 0
Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр.5/2002) и член 141 од Статутот на Општината (Службен гласник на Општина Делчево број 15/2013,2/2019 и 1/2021) а во врска со Одлуката за распишување на изборна членови на Совет на месните и урбаните заедници на подрчјето на Општина Делчево број 08-2698/1 од 26.11.2025 годинаи Одлуката за  распишување на избор на членови на Совет на урбаната заедница во Трети реон број           08-13/5 од 05.01.2026 година,Градоначалникот на Општина Делчево објавува

За свикување на собир на граѓани за избор на членови на

Совет на урбана заедница на Трети реон, Делчево

1.Градоначалникот на општина Делчево ги поканува жителите на урбаната заедница Трети реон да земат учество на собирот на граѓани за избор на членови на Советот на урбана заедница Трети реон ,Делчево.

2.Изборот на членови на Советот на урбаната заедница на трети реон ,Делчево ќе се спроведе на ден12.01.2026година (четврток),со почеток во 16.30 часот,во просториите на Мултифункционалниот Центар во Спомен домот АСНОМ,Делчево.

3.Постапката за предлагање,утврдување и избор на членови на Советите на месните заедници ќе ја спроведе Комисијата за спроведување на постапка за избор на членови на Советите на месните и урбаните заедници формирана од страна на Градоначалникот на општина Делчево.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево