Со цел изработка на план кој ќе ги одразува реалните потреби и приоритети на локалната заедница, Општина Македонска Каменица ги повикува граѓаните да го пополнат прашалникот и да ги споделат своите мислења, предлози и искуства во областите на енергетиката, животната средина, транспортот и климатските промени.
Вашите одговори ќе бидат значаен придонес во дефинирањето на мерките и активностите во рамките наАкцискиот план за одржлива енергија и клима (СЕКАП).
Анкетата еанонимна, а добиените податоци ќе се користат исклучиво за потребите на изработката на планот.
📝Прашалникот можете да го пополните на следниот линк:https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeNabNpOUlbKOIOFz1Jb2DwLSj_m9tiMhe1JOOs9L4ZZd6e_w/viewform?usp=sharing&ouid=114252372590043914979
Ви благодариме за издвоеното време и за вашиот придонес кон создавање поодржлива, енергетски ефикасна и климатски отпорна Општина Македонска Каменица.
Извор: Општина Македонска каменица