Кочани (Вести): По повод патрониот празник на Музичкото училиште во Кочани – почит и свежо цвеќе на бистата на Ристо Јуруков

објавено во Општински вести | 0
По тој повод, пред бистата на Ристо Јуруков беше положено свежо цвеќе од делегација на Општина Кочани, ученици и од неговото семејство. Присутните се потсетија на придонесот што Јуруков го дал за развојот на музичкото образование во Кочани и за создавањето генерации млади музичари.

Во рамки на свеченоста, на поранешни и актуелни наставници им беа доделени плакети во знак на благодарност и признание за нивната посветеност и придонес во развојот на училиштето низ децениите.

Обраќајќи се пред присутните, директорката Марија Лазарова истакна дека седумдецениската традиција претставува обврска, но и поттик за понатамошен развој на музичкото образование.


Извор: Општина Кочани