Делчево (Новости): Потпишан Меморандум за соработка со Доброволното противпожарно друштво „Волонтер“ од Делчево

објавено во Општински вести | 0
Општина Делчевопотпиша Меморандум за соработкасоДоброволното противпожарно друштво „Волонтер“одДелчево. СоМеморандумотсепредвидува континуирана соработка, заеднички активности и конкретни мерки за подобрување на безбедноста на граѓаните,  аОпштинатаќепомага и логистички и техничкисо цел да се обезбедиуште поголема ефикасност на терен.

За градоначалникот Гоцевски потпишувањето на овој документзначи зајакнување на  заедничкатаподготвеност и координацијатаво справувањето со пожари и други елементарни непогоди.

–Како општина ќе стоиме цврсто зад овие луѓе, помагајќи ги и логистички и техничкисогласно со можностите на Општината.Изразувам искрена благодарност за нивната целокупна ангажираност и несебичен придонес за заштита на нашата заедница. Наш приоритет останува заштитата на населението и создавање побезбедна општина за сите, нагласи Гоцевски.

Доброволните противпожарни друштва имаат исклучително значајна улога за безбедноста на заедницата, особено во помалите општини и претставуваат дополнителна сила и поддршка на професионалните пожарникари во заштита на животот, имотот и природата.Доброволните противпожарни друштва се симбол на хуманост, пожртвуваност и заедништво, бидејќи нивните членови доброволно го вложуваат своето време и знаење за заштита на заедницата.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево