Првиот промотивен настан за реализација на овој проект ќе се одржи на 18 јуни, со почеток во 11:30 часот, во Домот на културата во Македонска Каменица. На настанот се поканети сите граѓани, претставници на куќните совети и управители на станбени згради. Комплетната постапка за реализација на проектот ќе биде претставена од градоначалничката Соња Стаменкова, претставници на општинската администрација и претставници на партнерското Здружение за хумано домување „Хабитат Македонија“.
За реализација на проектот „Енергетско ефикасни домови“, Општина Македонска Каменица ќе издвои рекордни средства на државно ниво, кои главно ќе бидат наменети за реконструкција на кровни конструкции и изградба на енергетски ефикасни фасади на станбените објекти на подрачјето на Општината.
Со реализацијата на овој проект, Општина Македонска Каменица продолжува со мерките за подобрување на условите за домување, намалување на потрошувачката на енергија и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.
Извор: Општина Македонска каменица
