Иницијативата е насочена кон подобрување на пристапноста, промовирање на одржливи начини на транспорт со опфат на влијанието врз животната средина. Развивањето и спроведувањето на Планот за одржлива урбана мобилност (ПУМП), SUMP е сложен процес кој се спроведува во Кочани за локална транзицијата кон одржлива урбана мобилност.
Присутните имаа можност директно да се запознаат со процесот на планирање, да слушнат стручни мислења, да согледаат колку е важно младите да бидат вклучени во креирањето на иднината на сообраќајот и урбаната мобилност и да го искажат своето мислење во изготвувањето на стратешкиот документ за урбана мобилност.
На јавната консултација значаен придонес дадоа претставници од ОУ „ Св. Кирил и Методиј“ – Кочани, учениците од сообраќајната струка со своите професори од СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани и советничка од Советот на Општина Кочани.
Во интерес на тоа Планот за одржлива урбана мобилност за Кочани да биде прифатлив и ефективен во практична и оперативна смисла, на линкотhttps://drive.google.com/uc?export=download&id=1ATZZsGChg_26NFl09ao4fwZXF1AEWAyTе работната верзија на планот, како можност за увид и за доставување предлози до Општина Кочани. Рокот за доставување предлози е до 9 март 2026 година, до Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани или на е-адресата:info@kocani.gov.mk.
Извор: Општина Кочани