Со зафаќањето и уредувањето на суводолицата (поројот), кој при интензивни врнежи од дожд претставуваше сериозен ризик за населението и имотите, се решава еден од најдолготрајните инфраструктурни предизвици во селото.
Градежните активности за регулација на речното корито се во завршна фаза и опфаќаат делница во должина од156 метри. Во рамки на денешниот увид, градоначалникот се запозна со текот на работите и динамиката на реализацијата на проектот.
Паралелно со овие активности,во напредна фаза на реализација е и изградбата на улицата по трасата на регулираниот порој, во должина од640 метри, со што значително ќе се подобри сообраќајната инфраструктура и пристапноста во населеното место.
Со оваа инвестиција значително се подобрува безбедноста, се намалува ризикот од поплави и се создаваат поквалитетни услови за живот за жителите на Воиславци.
Извор: Општина Радовиш
