Берово: Честит 20-ти Мај – Денот на пожарникарите! 🚒

објавено во Општински вести | 0
[vc_row][vc_column][vc_column_text css=””] До сите припадници на Територијалната противпожарна единица,  упатуваме искрени честитки по повод 20-ти Мај – Денот на пожарникарите.
Ви благодариме за вашата храброст, пожртвуваност и несебична служба во заштитата на граѓаните и нивната безбедност. Вашата работа е симбол на одговорност, човечност и вистинска посветеност.
Секој ваш повик за помош значи надеж, сигурност и спас.
Со вашата подготвеност и хуманост, секојдневно покажувате што значи да се служи чесно и достоинствено на заедницата.
Нека ве следат добро здравје, сила и што помалку интервенции.
Нека е честит Денот на пожарникарите, 20-ти мај![/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]


Извор: Општина Берово