Почитувани сограѓани, земјоделци и агробизнисмени,Имам огромно задоволство да ве поканам на Еднодневна обука за дигитално и прецизно земјоделство, која ќе се одржи во соработка со дипл. инж. агроном Марио Петковски.Светот се менува, а со него и начинот на кој ја обработуваме земјата. Нашата цел е да им помогнеме на неготинските домаќини да ги искористат придобивките на новата технологија за поголеми приноси и помали трошоци.Детали за настанот:Петок (30 јануари)• 10:00 часот• Сала на Општина НеготиноНа оваа обука ќе зборуваме за воведување на дигитални алатки кои овозможуваат прецизна контрола на посевите, заштеда на ресурси и модернизација на производниот процес.
Сите присутни по завршување на настанот ќе ја добијат комплетната презентација и едукативни материјали директно на својата е-маил адреса.
Ве очекуваме заедно да го трасираме патот кон посовремено и посилно неготинско земјоделство!
Извор: Општина Неготино