Гоцевски возел 11 пати за Клиничкот центар за Скопје и помагал и во пронаоѓање и препознавање на повредените деца. Неговата пожртвуваност е симбол на хуманоста и наша обврска да го чуваме споменот на неговото дело, како сведоштво на „херојот од нашето маало“- кој спасувал животи, а неговото име да остане запаметено како потсетник за вредностите кои ги носеше, хуманост, професионализам, пожртвуваност.
Во негова чест, на влезот на ИМП во Делчево ќе се постави спомен-плоча, а во дворот на Здравствениот дом се подготвува парк кој ќе го носи неговото име и ќе сведочи и за идните генерации за пожртвуваноста и професионалноста во борбата да се спаси живот повеќе.
-Паркот е симбол на благодарност и почит кон неговата хуманост. Со подигнувањето на овој парк, Делчево испраќа порака дека вистинските херои се луѓето кои со својата добрина и професионалност оставаат траен белег во општеството. Во паркот ќе има неколку содржини, а ќе се засадат и садници и цвеќиња, а ќе биде поставена и урбана опрема, порача градоначалникот Иван Гоцевски.
Во акцијата се вклучија и ученици од основните училишта кои испратија и свои пораки за најголемата трагедија во Македонија во поновата историја во која загинаа 63 млади луѓе.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
