Акцијата беше масовно поддржана од жителите, бидејќи пред нив беше предизвикот да се исчисти локалниот пат којцели две децениибеше оставен на негрижа и запоставување и создаваше реални проблеми на жителите од селата.
За градоначалникот Гоцевски оваа акцијае вистински пример за заедништво, грижа и љубов кон својата околина – пример што треба да се пофали, но и да се следи.
–Нивниот пример е во насока на тоа како да придонесеме сите за почиста, поубава и поуредена средина, но и на дело се покажа значењето на месните заедници како активно тело од жителите и иницијатор за решавање приоритетни потреби на жителите, порача Гоцевски.
Тој најави дека преку новиотпроект „Недела на селата“,сеотпочнава исо активности за пробивање на неколку селски патишта во село Полето. Со оваа иницијатива директносеодговара на потребите на жителите иназемјоделцитеи сеовозможува подобар пристап до домовите и нивите, полесна работа и подобри услови за живот во руралните средини.
–Инвестициите во селата се инвестиции во иднината – затоа што силното село значи силна општина и силна држава. Продолжуваме посветено да работиме на развојот на секое населено место и да создаваме подобри услови за сите граѓани, порача Гоцевски.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
