Битола: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЕТ УЛИЦИ ВО СЕЛОТО ТРН

објавено во Општински вести | 0
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска изврши увид во градежните работи на реконструкција на улици во селото Трн.

Реконструкцијата опфаќа пет улици со вкупна должина од 1021,14 метри, сите широки по 3,5 метри и банкини од двете страни широки од 50 см.

Вкупната вредност на проектот е 7.181.218 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за транспорт преку вториот владин повик.

Со ова се подобрува патната инфрастуктура и во руралните средини, а општината останува посветена на подобрување на условите за жителите на Општина Битола.

В ЧЕТВРТОК ЌЕ ЗАСЕДАВА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година


Извор: Општина Битола