Општина Велес ве информира дека поради одржување на настан ќе биде воведена привремена забрана за сообраќај во Градскиот парк. Забраната ќе важи на 04 април (сабота) во периодот од 10:00 до 15:00 часот. Настанот што ќе се одржи од 11:00 до 14:30 часот во Градскиот парк е презентација на воена опрема, борбени возила и боречки вештини на припадниците на армијата по повод 4 Април, Денот на НАТО, Денот на 1 Пешадиска бригада и 15 Април – Денот на Командата за обука и доктрини.
Настанот е во организација на Командата за обука и доктрини и Касарната „Алексо Демниевски Бауман“.
Општина Велес со апел до граѓаните да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и насоките од службените лица на терен.
Ви благодариме за разбирањето и соработката.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес
