Неготино (Вести): Се реализираше акција за засадување на 100 садници кај споменикот на Манчо Малиминов16/03/2026|Новости|adminИзвонредна масовност имаше денеска при реализацијата на…Read More→Се реализираше акција за засадување на 100 садници кај споменикот на Манчо Малиминов

објавено во Општински вести | 0
16/03/2026|Новости|admin

Извонредна масовност имаше денеска при реализацијата на организираната акција за пошумување на локацијата кај споменикот на Манчо Малиминов.

Во денешната акција се засадија 100 садници ,, свилен багрем ” / ,, кинеска мимоза ” со висина од 2 метри со што сите учесници придонесоа за создавање поздрава и позелена животна средина и околина.

Активностите се спроведоа во соработка со Мен Енд Маунтенс организатори на Генералка викенд кои ја обезбедија донацијата на садници.

Општина Неготино продолжува со акции за зголемување на зелените површини и унапредување на животната средина.


Извор: Општина Неготино