Според предвидените параметри, за успешно справување со овој тип преносители на заразни заболувања, третирани се над 80 канализациски шахти и градската депонија со 35 кг. средство „Бродисан“ во вид на гранули и коцки за неутрализирање на преносителите, глувци и други глодари кои се потенцијални преностители на вектор заразни заболувања.
Оваа мерка е согласно со Програмата за заштита на населението од заразни и други заболувања и се спроведува редовно, најмалку еднаш годишно на територијата на градот Делчево. Главна цел на дератизацијата е да се намали популацијата на глодарите кои, освен што се преносители на заразни болести, во потрагата по храна можат да предизвикаат оштетувања на разни видови инсталации, како телекомуникациски, водоводни, но и штети во домовите.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
