Новаци: Поголема безбедност и подобра патна сигнализација на регионалните патишта во Општина Новаци

објавено во Општински вести | 0
Во интерес на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, извршена е целосна замена на старите, оштетени и дотраени сообраќајни знаци на регионалните патни правци низ Општина Новаци.
Оваа активност е реализирана благодарение на одличната соработка и целосната поддршка од ЈП „Македонија пат“ – Подружница Битола, на што упатуваме искрена благодарност.
Заменети се сите оштетени патокази со нови, а на локациите каде што недостасуваше сообраќајна сигнализација се поставени нови знаци, со што значително се подобрува безбедноста и ориентацијата на возачите.
Новата вертикална сигнализација е поставена на двата регионални патни правци:
Новаци – Тополчани, до село Далбеговци;
Новаци – Старавина.
Продолжуваме со активности кои придонесуваат за побезбедна, поуредена и подобро инфраструктурно поврзана општина, затоа што безбедноста на граѓаните останува наш врвен приоритет.


Извор: Општина Новаци