На прес-конференцијата што ја одржаа градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и Организацискиот одбор за одбележување на годишнината, беше упатен апел до жителите на Кочани да придонесат во одржувањето на сообраќајниот ред низ кочанските улици.
– Најавени се гости од клинички центри, воени академии и болници од повеќе држави коишто помогнаа во лекувањето на повредените во трагичниот пожар во „Пулс“. Со цел да обезбедиме достоинствено и непречено одбележување на овој ден, ги повикувам жителите на Кочани, секогаш кога можат, да ги остават автомобилите и низ градот да се движат пеш или со велосипеди. На тој начин сите заедно ќе придонесеме за подобар сообраќаен ред, поголема безбедност и полесно движење на сите посетители – повика градоначалникот Грозданов.
Градоначалникот повика граѓаните навремено да ги повлечат своите возила од паркинзите долж улиците, со цел екипите на КЈП „Водовод“ непречено и темелно да извршат миење на градските сообраќајници.
Извор: Општина Кочани