Овој проект Општината го реализира со финансиски средства од Министерството за образование и наука, од вториот владин повик, а е на барање на жителите.
Објектот, односно подрачното училиште има две училници, една канцеларија, ходник и тоалети.
Ќе се менува кровната конструкција, ќе се реконструира и фасадата, внатре промена на подовите, замена на дограмата со ПВЦ профили, како и целосно средување на внатрешноста на објектот, односно молеро-фарбарски работи.
Денеска увид во градежните работи изврши градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со одговорните лица за проектот.
Вредноста на оваа реконструкција е 3.380.097 денари.
Општината и со оваа реконструкција ја покажува грижата за образованието, односно подобри услови за изведување на воспитно-образовниот процес.
СЕ РАБОТИ И ВО РОТИНО, СЕ РЕКОНСТРУИРА ПАТОТ ДО ЦРКВАТА
ПОТРЕБАТА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНИТЕ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
Извор: Општина Битола
