На 4-та Седница се расправаше и се донесоа одлуки по 31 точка од предложениот Дневен ред. На Седницата со мнозинство гласови беа донесени решенијаза именување членови во Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчевоиза именување членови во Управен одбор на ЈКП „Брегалница“. Исто така, се донесе иРешение за именување членови на Управниот одбор на Општинска јавна установа за деца – Детска градинка ВЕСЕЛИ ЦВЕТОВИ Делчево;
На Седницата се донесеОдлука за давање на трајно користење на недвижни ствари-службени простории на национална установа центар за култура (НУЦК) „Никола Јонков Вапцаров“-Делчево, како иОдлука за давање на трајно користење движна ствар –ФАП ТОВАРНО СПЕЦИЈАЛНО ПРОТИВПОЖАРНО возило на Јавното комунално претпријатие „БРЕГАЛНИЦА“-Делчево;
Пред советниците беа на усвојување и годишните програми:Програма за извршување јавни работи за 2026 година; Програма за еднакви можности на мажите и жените на Општина Делчево и работа на Комисијата за еднакви можности за 2026 година; Програма за социјална заштита на Општина Делчево за 2026 година; Програма за комуникација со јавноста и промоција на Општина Делчево за 2026 година; Програма за активностите на Општина Делчево од областа на превенција, заштита и спасување од елементарни и други непогоди;
Беше донесена иОдлука за ослободување од партиципација на деца Роми на возраст од 3-6 години за престој во детските градинки што се во социјален ризик за учебната 2025/2026 година; Одлука за именување членови на Советотза социјална заштита на Општина Делчево; Одлука за формирање на Комисија за унапредување на правата на пациентите; Одлука за формирање на Совет за јавно здравје; Одлука за формирање на Совет за заштита на потрошувачите; Измена на Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2026 година; Одлука за отпочнување активности за редовно ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Делчево;
Беа донесени и неколку одлуки за донесување урбанистичко планска документација документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат;Програма за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Делчево за 2026 година;Програма за уредување градежно земјиште на подрачјето на општина Делчево за 2026 година; Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општински патишта и улици во општина Делчево за 2026 година;
Советот на Општина Делчево донесe Одлука за верификација на мандатите на членовите на Локалниот младински совет при Општина Делчевокои имаат мандат од 2 години. За членови на новиот состав на ЛМС се избрани:
1.Искра Георгиевска–ТернипеMK(Ромски културен и едукативен центар) Делчево
2.Ивана Пејчиновска – КУД“Гоце Делчев”Делчево
3.Павел Салтировски–СОУ. М.М.Брицо Делчево
4.Ангела Велковски-“Црвен крст”Делчево
5.Ања Димитровска–СОУ.М.М.Брицо Делчево
На Седницата се усвои иГодишнатапрограма за работа на Младински центар Делчево за 2026 година;
Советниците ја донесоа иОдлукатаза прифаќање донација од Друштво за трговија и услуги „М-Д РЕНТАЛС“-ДООЕЛ Скопје на нова вакумска метларка (машина за чистење на улици); Со оваа Одлука,Општина Делчево во својство на примател на донацијата ја прифаќа донацијата од Друштвото за трговија и услуги „М-Д РЕНТАЛС“ ДООЕЛ Скопје со седиште на ул. „ Борис Трајковски“ бр. 5 во Скопје на нова вакумска метларка (машина за чистење улици) во вредност од 399.992,00 денари со вклучен ДДВ.Донацијата не создава никаква корист за давателот, ниту обврска за враќање од примателот на донацијата, дадена за цели од јавен интерес.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
