Во периодот од 15 до 18 јуни 2026 година имав можност да учествувам на студиска посета во Република Хрватска, организирана од Еко-свест со поддршка на Фондацијата Хајнрих Бел и Шведска. Посетата беше посветена на размена на искуства и добри практики во областа на граѓанските енергетски заедници и локалната енергетска транзиција.
Заедно со градоначалниците и секретарите од општините Битола, Кичево, Демир Капија, Куманово и Вевчани, ги посетивме и се сретнавме со претставници на општините Пушќа, Забок и Крижевци, со претставници на енергетските заедници во Загреб и Северен Јадран во Риека, како и со граѓански енергетски задруги и Регионалната енергетско-климатска агенција за Северозападна Хрватска.Бевме примени од заменик амбасадорот Горан Божиновски во македонската амбасада во Хрватска, директорката на МКИЦ, Мими Ѓорѓоска, остваривме средба со Марио Рајн, заменик градоначалник на Копривничко-крижевската жупанија и поранешен градоначалник на Крижевци, исто така се запознавме со успешни модели на соработка меѓу граѓаните, општините и локалните институции во производството, споделувањето и управувањето со обновлива енергија.
Првиот работен ден во Загреб беше посветен на средба со претставници на Зелената енергетска задруга (ЗЕЗ), каде што добивме детален увид во концептот на енергетските задруги, различните модели на граѓанско учество и успешните пилот-проекти реализирани во Хрватска. Особено значајно беше што слушнавме практични искуства за поддршката што локалните власти можат да ја обезбедат во развојот на вакви иницијативи.
Во општина Пушќа се запознавме со работата на Енергетската заедница Сава и искуствата на локалната самоуправа во формирањето и управувањето со енергетски заедници. Разговаравме за правните и финансиските предуслови за нивно функционирање, како и за придобивките што ги носат за граѓаните и општините.
Во Забок ја посетивме Регионалната енергетско-климатска агенција за Северозападна Хрватска (РЕГЕА), каде што имавме можност да видиме конкретни примери на успешно реализирани соларни проекти и да се запознаеме со техничките, организациските и финансиските аспекти на нивната реализација. Посебен акцент беше ставен на важноста од вклучување на локалната заедница во планирањето и спроведувањето на енергетските проекти.
Една од најинтересните посети беше во Крижевци, град кој важи за еден од пионерите во развојот на граѓанската енергија во Хрватска. Таму се сретнавме со претставници на проектот „Крижевачки сончеви покриви“ и со претставници на енергетската задруга КЛИК. Преку теренски посети и презентации се запознавме со начинот на кој граѓаните и локалните институции заеднички инвестираат во обновливи извори на енергија, придонесувајќи кон декарбонизација, енергетска независност и локален економски развој.
Во Риека ја посетивме Енергетската заедница на Северен Јадран, каде што разговаравме за моделите на организирање, финансирање и одржување на граѓанските енергетски заедници. Особено корисни беа искуствата поврзани со производството и споделувањето на електрична енергија меѓу членовите на заедницата, како и улогата на локалните информативни центри во поддршката на граѓаните.
Посетата потврди дека граѓанските енергетски заедници претставуваат ефикасен механизам за забрзување на енергетската транзиција и за зголемување на учеството на граѓаните во енергетскиот систем. Примерите што ги видовме покажуваат дека ваквите модели носат економски, социјални и еколошки придобивки, а воедно овозможуваат придобивките од производството на чиста енергија да останат во локалните заедници.
За Македонија, каде што новиот Закон за енергетика и Националниот план за енергија и клима веќе ја препознаваат улогата на граѓанските енергетски заедници, овие искуства се особено значајни. Научените лекции и воспоставените контакти ќе придонесат за развој на нови локални иницијативи и за поактивна соработка меѓу општините, граѓаните, институциите и бизнис секторот.
Студиската посета претставуваше одлична можност за учење, размена на искуства и согледување на практичните чекори потребни за успешно развивање на граѓански енергетски заедници и во Македонија.

Извор: Општина Новаци