Изградени се нови тротоари со широчина од 1 метар, од двете страни на улицата, како и поставени се рабници, со што значително се унапредува безбедноста и пристапноста за пешаците.
Паралелно со инфраструктурните активности, Општина Берово изработи план за ревегетација, кој предвидува отстранување на деградирани дрвја и нивна замена со нови садници, со цел унапредување на урбаната средина и зачувување на зеленилото.
Со реализацијата на овој проект, Општина Берово инвестира во подобрување на локалната инфраструктура, создавајќи побезбедни, поуредени и поквалитетни услови за живот на граѓаните. Проектот директно придонесува за зголемена безбедност на пешаците и подобрена функционалност на јавниот простор.
Вредноста на инвестицијата изнесува 1.728.898 денари, а истиот е финансиран од Шведска банка, преку Министерството за транспорт, како дел од поддршката за развој на локалната патна инфраструктура.
Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.
Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)
Телефон / Факс:+389 33/471-057
Е-пошта[email protected]
Извор: Општина Берово