Општина Велес ја информира јавноста дека, второто авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден10 јули 2026 (петок),во раните утрински часови. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
Границата, на третирањето е:Езеро Младост, с.Отовица, месностЈарбош, по течението наВардарод север од с.Башино селониз Велес, се до вливот на рекатаБабунаи с.Горно Караслари. На запад границата започнува од населбатаПревалец, преку населбатаКерамиднакон фабриката „Киро Ќучук“ и с.Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Третманот се врши со средство AKVA K–OTHRINE 2 EW, биоциден производ на производител BAYER ENVIRONMETAL SCIENCE SAS, од Франција. Одобрено од министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 03-162/1 од 15.04.2021 година.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес