По повод јубилејот музичкото училиште одржа свечен концерт на сцената на театарот „Ј.Х.К. Џинот“ на кој настапија училишниот хор и оркестар со дела на патронот Стефан Гајдов.
Во чест на јубилејот, денеска, 08 јуни, ќе се одржи уште еден свечен концерт на кој ќе настапат ученици кои веќе завршиле во музичкото училиште и го продолжиле своето музичко образование и постигнале значителни резултати, но и понатаму го промовираат училиштето надвор од градот.
Општина Велес упатува искрени честитки за јубилејот и посакува музичкото училиште да остане храм на уметноста и креативноста од кој ќе излегуваат врвни уметници кои ќе го чуваат и негуваат богатото македонско културно наследство.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.
Извор: Општина Велес