Богданци: CERV – Граѓани, еднаквост, права и вредности

објавено во Општински вести | 0
К
ако дел од проект финансиран од Европската Унија преку програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности (CERV) – Збратимување на градови“,
во општина Калиновац, Р. Хрватска се
организираше пријателска средба „Преку песна и танц низ Хрватска и Македонија“. Проектот за пријателство е инициран помеѓу Општина Калиновац и Општина Богданци и претставува можност за запознавање со културното наследство, обичаите, песната и танцот на две пријателски земји. Во недела, 12 јули 2026 година, беше организирана средба на која настапија Фолклорниот ансамбл Мегдан од Богданци, младата спортска танчерка Марта Дугалија од Калиновац и Културното друштво Петар Прерадовиќ од Ѓурѓевац, а домаќини беа Културното друштво Томислав Фрањиќ, Здружението на пензионери на Општина Калиновац и Културното друштво Гргур Карловчан.
Настанот помина во прекрасна атмосфера, исполнета со богата фолклорна програма, дружење и меѓусебно почитување, уште еднаш потврдувајќи дека културата, песната и танцот се најсилниот мост што ги поврзува народите и ги зацврстува пријателствата, а Фолклорниот ансамбл „Мегдан“ од Богданци успешно ја претстави Општина Богданци на огромно задоволство на сите присутни во спортската сала во Калиновац.
На церемонијата присуствуваа потпретседателот на Хрватскиот парламент и градоначалник на градот Копривница, Мишел Јакшиќ,
жупанот
на Копривничко-крижевската жупанија, Томислав Голубиќ , градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов
и домаќинот началникот на општина Калиновац, Дарко Собота кои имаа свои обраќања до присутните
.
О
пштина Богданци упатува искрена благодарност до Општина Калиновац за топлото гостопримство, одличната организација и можноста повторно да бидеме дел од овој значаен настан. Благодарност и до сите учесници кои со своите настапи придонесоа за незаборавна вечер исполнета со традиција и културно богатство.
Уверени сме дека долгогодишното пријателство и соработка помеѓу Општина Богданци и Општина Калиновац ќе продолжат да се развиваат и во иднина, преку нови заеднички средби, проекти и активности во духот на меѓусебното почитување и негувањето на културното наследство.
Проектот ќе продолжи со реализација во наредниот период со взаемни и возвратни посети преку лои ќе се реализираат многубројни активности во двете општини.
kalinovac.hr
podravskiradio.hr
kckzz.hr


Извор: Општина Богданци