Струмица (Вести): Јавен Повик за доделување на финансиска поддршка за стекнување и унапредување на

објавено во Општински вести | 0
Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“, бр. 5/2002 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр.202/24 ) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица“, бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), а во врска со Правилникот за условите, критериумите и постапката за доделување финансиска поддршка за стекнување и унапредување на тренерски лиценци или спортски работници во ОпштинаСтрумица,донесена на седница на Совет на општина Струмица на ден 30.01.2026 со архивски број 08-716/1, Градоначалникот на општина Струмица објавува:

2.Право на финансиска поддршка имаат исклучиво физички лица – поединци (не и спортски клубови или други правни лица), при што тренерска лиценца, согласно Правилникот, е лиценца издадена од надлежна национална или меѓународна спортска федерација, призната од надлежен државен орган.

Категорија 1 – Млади лица (идни или постоечки тренери/спортски работници)

Право на аплицирање во Категорија 1 има лице кое:

– не е постаро од 30 години на денот на аплицирање;

– е државјанин на РепубликаСевернаМакедонија;

–поседува важечка лична карта со пријавено постојано живеалиште на територијата на ОпштинаСтрумица;

– аплицира за стекнување на почетна тренерска лиценца, за унапредување на веќе стекната лиценца или спортски административец;

– доказ за статус на вработено односно невработено лице.

Категорија 2 – Активни или поранешни спортисти

Право на аплицирање во Категорија 2 има лице кое:

– е активен спортист или поранешен активен спортист кој ја има завршено натпреварувачката кариера;

– има најмалку 5 години активно натпреварување на сениорско или професионално ниво;

– доставува доказ за спортска активност или прфесионални договори;

– аплицира за тренерска лиценцаили спортски административец во спортот во кој има остварено спортска кариера;

– е државјанин на РепубликаСевернаМакедонија;

–поседува важечка лична карта со пријавено постојано живеалиште на територија на ОпштинаСтрумица;

– доказ за статус на вработено односно невработено лице.

Лице кое ги исполнува условите за двете категории може да аплицира само во една категорија, по сопствен избор.

– лица кои се евидентирани како невработени во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија;

– лица кои за прв пат аплицираат за финансиска поддршка согласно овој Правилник;

– лица од помалку застапениот пол, во случај на еднакви услови;

– лица чие стручно усовршување е од посебно значење за развојот на спортот во ОпштинаСтрумица,

така што финансиската поддршка се доделува за:

– трошоци за стекнување или унапредување на тренерска лиценца;

– трошоци за едукации, семинари и обуки признати од национални или меѓународни спортски федерации.

– трошоци за патничко сместување.

Финансиската поддршка може дабиде целосна или делумнаи може да се додели во форма на кофинансирање или рефундација.

Максималниот износ по корисник се утврдувасо јавниот повик и не може да надмине 60.000 денари по лице, односно износ утврден во Програмата за спорт на ОпштинаСтрумица.

Јавниот повик трае30дена од денот на објавувањето.

Во прилог линк од формулар:ЛИНК

За да бидат прифатени апликациите, целокупната документација  потребно е да се достави исклучиво по препорачана пошта или лично во архивата на Општина Струмица, во запечатен плик на кој е назначено дека е за Јавен повик – за доделување на финансиска поддршка за стекнување и унапредување на тренерски лиценци или спортски работници во Општина Струмица, во работни денови од понеделник до петок, помеѓу 08:00 и 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол освен горенаведеното да стои и: „Не отворај“, а во долниот десен агол да стои: Општина Струмица, ул.„Сандо Масев“ бр. 1.


Извор: Општина Струмица