Новаци: Започнаа активности за уредување, санирање и тампонирање на полските патишта во Општина Новаци

објавено во Општински вести | 0
Општина Новаци и оваа година продолжува со активностите за подобрување на инфраструктурата во руралните средини. Во село Далбеговци започна уредување, санирање и тампонирање на полските патишта со цел да се обезбеди полесен и побезбеден пристап до земјоделските површини.
Тампонирањето на полските патишта е особен значајно затоа што: овозможува полесно и побезбедно движење на земјоделската механизација, го олеснува транспортот на земјоделските производи, се намалуваат оштетувањата на возилата и механизацијата, се подобрува пристапот до нивите во сите временски услови и се создаваат подобри услови за развој на земјоделството.
Со подобра патна инфраструктура директно се помага на земјоделците и се придонесува кон развојот на локалната економија.
Продолжуваме посветено да работиме за подобри услови за сите жители на Општина Новаци.


Извор: Општина Новаци