Активноста беше спроведена со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на јавната свест за ризиците од неодговорно однесување на патиштата. Истата се реализираше под слоганот „Вози безбедно, вози со љубов – Секој живот е важен“, при што преку непосредна комуникација со возачите, беа упатени апели за одговорно и совесно учество во сообраќајот.
Во рамки на активноста беа дистрибуирани едукативни флаери, со пораки за да не се консумира алкохол пред управување со моторно возило, како и за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста и заштита на човечките животи.
„Возете одговорно – затоа што секој живот е важен“ и „Ако пиеш, не вози, ако возиш, не пиј – затоа што секој живот е важен“, беа пораките што заеднички ги упатија надлежните институции, нагласувајќи дека безбедноста во сообраќајот, е заедничка одговорност на сите учесници.
Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.
Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)
Телефон / Факс:+389 33/471-057
Е-пошта[email protected]
Извор: Општина Берово