Денес е исплатена финансиската поддршка од 3.000 денари за секое прваче во Општина Виница. Од наредната година оваа финансиска поддршка ќе ја зголемиме на 5.000 денари за секое прваче.Дополнително ќе ја зголемиме и финансиската поддршка за освоени први, втори и трети места на учениците на државни натпревари на 3.000 до 5.000 денари во зависност на освоеното место. Оваа година за прв пат во Општина Виница воведовме и финансиска поддршка од 6.000 денари и за секое новороденче, донесовме Правилник и оваа мерка веќе стапи на сила и граѓаните веќе ја користат истата. Зголемувањето на средствата на дел од овие мерки и воведување на нови мерки ги обезбедивме со сведување на трошоците за репрезентации на нула денари, трошоците за службени телефони и намалување на трошоците за гориво на службените возила.
Извор: Општина Виница