Делчево (Новости): Формиран Совет на интелектуалци во Делчево

објавено во Општински вести | 0
На иницијатива на градоначалникот Иван Гоцевски на празникот Богојавление-Водици сеодржа првиот состанок на Советот на интелектуалци. На состанокот присуствувааграѓаникои потекнуваат од Делчево и сеод различни професионални сфери, а присутни беа ипретставници одлокалнатавласт.

Градоначалникот Иван Гоцевски, кој беше домаќин на состанокот, истакна дека целта на средбата е да се покаже човечкиот и професионалниот капацитет на Делчево и желбата за развој на општината.

– Убава можност денеска по повод Св. Богојавление- Водици да бидам домаќин во кабинетот на успешни луѓе- наши сограѓани кои активно работат на различни професионални полиња во Македонија и во странство. Нивната интелектуална поддршка и конекции во нивниот делокруг на работа се добредојдени за развојот на нашето Делчево, за подобар живот на сите делчевчани кои живеат и работат во својот роден крај. Воодушевува енергијата и емоцијата со која овие мои денешни соговорници зборуваат за Делчево. Сигурен сум дека заедно ќе имаме успех во нашите заеднички намери да го афирмираме Делчево во најубаво светло во заеднички интерес на сите, изјави Гоцевски.

Професорот Александар Атанасов додаде дека е важно донесените одлуки и препораки од советите и комисиите да се спроведуваат на дело и да се обезбедат конкретни финансиски средства.

Гоцевски и Атанасов во своите изјави ја потенцираат потребата од системски развој, финансиска поддршка и активна соработка меѓу локалната и централната власт, како и значењето на вклучувањето на сите делчевци кои можат да дадат свој придонес за развојот на општината.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево